Коко Гоф е победничка на УС Опен / Photo: AA

Американската тенисерка Коко Гоф го освои УС Опен со победата извојувана во финалето над Белорусинката Арина Сабаленка со резултат 2:1.

Сабаленка го освои првиот сет со резултат 6:2, но потоа 19-годишната Американка заигра одлично и го освои вториот сет со резултат 6:3. Третиот сет Гоф го доби со резултат 6:2 и извојува голема победа од 2:1 со која ја освои шампионската титула на УС Опен.

Гоф со оваа победа го освои својот прв Гранд слем турнир.

Сабаленка, која победи на Австралија Опен 2023 и која во понеделник ќе биде најдобро рангирана тенисерка на светската ВТА листа, ја пропушти можноста да го освои својот втор голем турнир во 2023 година.

AA
Популарни