Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше на клупата во поголемиот дел од натпреварот, но влезе да го замени повредениот Ентони Марсијал.       Фото: Ројтерс

Кристијано Роналдо го постигна 700. клупски гол во кариерата откако влезе да игра како резервен играч за Манчестер Јунајтед во неделата на натпреварот против Евертон.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше на клупата во поголемиот дел од натпреварот, но влезе да го замени повредениот Ентони Марсијал.

На Роналдо му беа потребни само 14 минути за да го постигне својот прв гол во Премиер лигата во сезоната.

„На секој играч му треба самодоверба, дури и кога сте најдобри во светот“, рече тренерот Ерик тен Хаг по првиот гол на Роналдо во Премиер лигата сезонава.

„Работев со многу стрелци и знам дека им требаат головите во секоја сезона за да го имаат тоа чувство, таа потврда на интуицијата.

„Откако ќе постигнат неколку голови, потоа игрите одат полесно. Тоа ќе се случи и со него“.

Рекордерот на Реал Мадрид постигна 450 за шпанскиот гигант, додека за Јувентус постигна 101 гол и пет за Спортинг Лисабон.

Капитенот на Португалија го држи и рекордот по голови на меѓународно ниво-117.

TRT Balkan / агенции
Популарни