Кубанскиот грчко-римски борач Мијаин Лопез Нуњез во вторникот го освои рекордниот петти олимписки златен медал по ред.
Во машкото финале во категоријата до 130 килограми во Париз 2024 Лопез го победи својот чилеански противник Јасмани Акоста Фернандез со 6-0 и го освои златото на пет последователни Летни игри.
Лопез, кој ќе наполни 42 години на 20 август, претходно ги освои олимписките злата во Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2020 година.
Во Токио 2020 освои злато без пропуштен бод, што никогаш не се случило во историјата.
По неговата победа во Париз 2024 година, Лопез стана првиот спортист кој обезбедил пет златни медали во иста дисциплина.
Лопез, за кого ова е шеста олимпијада, по мечот не потврди дека нема да настапи на следните ЛОИ во Лос Анџелес за четири години.
„Сакам да бидам среќен. Тоа беше резултатот што го посакував за целиот свет и за мојата земја. Толку среќен што стигнав до олимписката елита. Награда за цел живот напорна работа со помош на сите и моето семејство. Тоа е мојата најголема победа. Имам многу инспирација за сите млади луѓе кои доаѓаат кај мене за совет. Би сакал да ја едуцирам младата генерација, рече Кубанецот по мечот.