Меѓународниот олимписки комитет во четвртокот го прогласи досега најголемиот олимписки тим за бегалци кој ќе учествува на олимписките игри во Париз.Олимпискиот тим има 36 спортисти.
„Честитки до сите вас. Ви посакуваме добредојде, олимписки тим за бегалци на МОК со отворени раце и отворени срца. Вие сте збогатување за нашата Олимписка заедница и за нашите општества. Со вашето учество на Олимписките игри, ќе го покажете човечкиот потенцијал на издржливост и извонредност. Ова ќе испрати порака на надеж до повеќе од 100 милиони раселени луѓе ширум светот “, рече претседателот на МОК, Томас Бах по претставувањето на тимот на церемонијата што се одржа во Лозана, Швајцарија.
Според Бах учеството на овој тим ќе ја зголеми свеста кај милиони луѓе ширум светот за големината на бегалската криза. Тој ги охрабри навивачите да го поддржат тимот.
Овој тим ќе го претставува раселеното население во светот од над 100 милиони луѓе на Олимписките игри во Париз ова лето.
36-те спортисти од 11 различни земји на потекло ќе се натпреваруваат во 12 спортски дисциплини во Париз 2024 година, како што се пливање, атлетика, бокс, друмски велосипедизам, џудо, теквондо, кревање тегови и борење.
Олимпискиот тим за бегалци по трет пат ќе се натпреварува на Олимпијадата, бидејќи беше воведен во Рио де Женеиро во 2016. Составен од 10 спортисти за Летните игри во Бразил. Во Токио во 2020 година учествуваа 29 раселени спортисти.