Првото коло ќе се игра од 5 до 7 јуни, а групната фаза на натпреварувањето завршува на 19 ноември годинава / Photo: AA

Во четвртокот во Конгресниот центар во Париз беше одржана ждрепката на Лигата на нации за сезоната 2024/2025, која започнува во јуни оваа година.

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе игра во групата А3 против Холандија, Унгарија и Германија. Во истата лига во групата А1 ќе играат Хрватска, Португалија, Полска и Шкотска, додека Србија во групата А4 ќе игра против Шпанија, Данска и Швајцарија.

Селекцијата на Црна Гора во групата Б4 ќе ги одмери силите со Велс, Исланд и Турција, а Словенија во групата Б3 ќе игра со Австрија, Норвешка и Казахстан.

Во Лигата Ц, во групата Ц2, Косово ќе игра против Кипар, Романија и победникот од дуелот Литванија или Гибралтар.

Во групата Ц4 Северна Македонија ќе игра против Ерменија, Фарски Острови и Латвија.

Новото издание на Лигата на нации носи новини, па така, за разлика од минатите години, во нокаут фазата на натпреварувањето ќе се пласираат по две селекции од секоја група, што значи дека ќе се играат и четвртфинални натпревари.

Првото коло ќе се игра од 5 до 7 јуни, а групната фаза на натпреварувањето завршува на 19 ноември годинава. Четвртфиналните натпревари се закажани од 20 до 25 март 2025 година, а завршниот турнир ќе се игра од 4 до 8 јуни следната година.

Шпанската фудбалска репрезентација е победник на Лигата на нации на УЕФА во сезоната 2022/2023. во финалниот натпревар на 18 јуни во Ротердам откако по изведувањето на пенали ја совлада Хрватска со резултат 5:4.

ГРУПИ НА ЛИГА НА НАЦИИ НА УЕФА

Лига „А“:

Група А1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска

Група А2: Италија, Белгија, Франција, Израел

Група А3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина

Група А4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија

Лига „Б“:

Група Б1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија

Група Б2: Англија, Финска, Република Ирска, Грција

Група Б3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан

Група Б4: Велс, Исланд, Црна Гора, Турција

Лига „Ц“:

Група Ц1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија

Група Ц2: Романија, Косово, Кипар, победник од дуелот Литванија или Гибралтар

Група Ц3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија

Група Ц4: Ерменија, Фарски Острови, Северна Македонија, Латвија

Лига „Д“:

Група Д1: Литванија или Гибралтар, Сан Марино и Лихтенштајн

Група Д2: Молдавија, Малта и Андора

TRT Balkan / агенции
Популарни