Снабдувачите со храна ветија подобрена испорака за барањата на атлетите / Фото: Reuters

Спортистите што ќе се натпреваруваат на Олимписките игри Париз 2024, чие отворање е денес и чиј домаќин е Франција, се пожалија дека храната во Олимпиското село во главниот град Париз е недоволна.

Олимписките спортисти сметаат дека количината храна што им се нуди во Олимпиското село е несоодветна, особено јајцата и месото, објави францускиот весник „Л’Екип“.

По поплаките на спортистите дека храната обезбедена за појадок ја оцениле како несоодветна, компаниите што го снабдуваат Олимпиското село со храна се огласија по ова прашање.

Портпаролот на групацијата „Карфур“, која е задолжена за снабдување со 600 тони свежи производи за исхрана на спортистите за време на Олимпијадата, изјави дека е побарано зголемување на првично планираното количество храна и дека тие можат да го исполнат тоа.

Другата компанија набавувач „Содексо Лајв“ изјави дека ги зела предвид повратните информации од спортистите и истакна дека побарувачката за некои продукти е голема и дека количините храна ќе бидат зголемени за да се задоволат потребите на спортистите.

Олимписките игри, чиј домаќин е Франција по 100 години, ќе почнат денес со свеченото отворање што ќе се изврши на реката Сена која минува низ главниот град Париз.

На Олимписките игри во Париз учествуваат околу 10.500 спортисти.

AA
Популарни