Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа привремено ја напушта белгиската репрезентација. Тој вели дека нема да биде дел од националниот тим додека Доменико Тедеско е тренер.
Куртоа очигледно има недоразбирања со Тедеско кои не можат да се надминат, па голманот ја известил фудбалската федерација на својата земја дека нема да брани додека не дојде нов селектор.
Својата одлука Куртоа ја сподели на социјалните мрежи, ја искажа честа што досега го носел дресот на Белгија и вели дека во моментов смета дека е најдобро за неговата земја тој да не биде во составот.
Од претходно беше познато дека Тибо Куртоа и Федерико Тедеско не се на иста бранова должина, но одличниот голман на белгиската фудбалска репрезентација сега јавно објави дека нема надеж за него во репрезентацијата се додека го води актуелниот селектор.