Со своите 35 поени против Филаделфија Севентисиксерс, напаѓачот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, вчера стана вториот играч во историјата на НБА со постигнати над 38.000 поени.
Тој сега има 38.024 поени во кариерата и само 364 поени за да го надмине Карим Абдул-Џабар и да стане најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата.
Во јануари 2006 година, 38-годишниот играч стана најмладиот НБА играч кој има постигнато 5.000 поени во кариерата.
Тој стигна до 10.000 поени во 2008 година, на 23 години, а во 2013 година влезе во клубот на играчи со 20.000 поени.
Во кариерата има просек од 27,2 поени по натпревар.
TRT Balkan / агенции