македонските ракометари одиграа одлично прво полувреме, но Франиција се покажа како пресилен противник / Photo: Reuters

Македонската ракометна сениорска ракометна репрезентација денеска во својот прв натпревар од групата „А“ на Европското првенство во Германија на фудбалскиот стадион во Диселдорф загуби од Франција со 39:29 (17:13).

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Франција, но може да биде горда на тоа што играше на историски најпосетениот ракометен натпревар на сите времиња.

На стадионот во Дизелдорф се собраа над 53.000 навивачи, што е празник на ракометот, особено за Германците кои успеаја во намерата да постават светски рекорд.

Сепак, Германија и Швајцарија од 20:45 часот ќе го одиграат вториот натпревар од 1.коло во групата А, па се очекува стадионот со подвижен покрив кој има капацитет од 54.600 гледачи за фудбалски натпревари да биде исполнет до последното место и да падне уште еден рекорд.

Мора да се истакне дека македонските ракометари одиграа одлично прво полувреме, но Франиција се покажа како пресилен противник.

Добро почнаа нашите ракометари кои по првите 15 минути имаа предност од 10:8 против големиот фаворит. Французите побараа тајмаут и до крајот на првиот дел не само што ја анулираа нашата негатива, туку по првиот дел имаа предност од 17:13.

Во второто полувреме, Галските петли со рутинирана игра го контролираше резултатот и во ниту еден момент разликата не падна под четири погодоци. Избраниците на Кирил Лазаров парираа до 21:17, но потоа Французите заиграа уште подобро, па на крајот стигнаа и до победа од највисока предност од 10 гола.

Македонскиот тим немаше сили за сензација. Пешевски со 7 и Џонов со 6 гола беа најефикасни во составот на селекторот Лазаров, а одличен беше и голманот Никола Митревски со двоцифрен број на одбранети удари.

Во второто коло од групната фаза Македонија ќе игра против домаќинот Германија, а противник на нашата селекција ќе биде и Швајцарија и тоа во рамките од третото коло.

TRT Balkan / агенции
Популарни