Натпреварот со македонската репрезентација беше претпоследна проверка за хрватските фудбалери пред Европското првенство во Германија / Photo: Reuters

Хрватската фудбалска репрезентација ја совлада македонската селекција со 3:0 во пријателскиот фудбалски натпревар кој вечерва се одигра во Ријека.

Хрватите рутинирано ги надиграа македонските фудбалери и беа надмоќни во сите 90 минути. Головите ги постигнаа Ловро Мајер на два пати, во 10 минута од слободен удар и во 45 минута и Марио Пашалиќ во 79 минута.

Македонските фудбалери имаа три удари кон голот, но не успеаја да ја затресат мрежата на Хрватска.

Ова е претпоследен подготвителен натпревар за хрватскста селекција пред настапот на Европското првенство во Германија кое почнува на 14 јуни. Нивен следен противник ќе биде Португалија.

Македонските фудбалери пак на 10 јуни ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Чешка.

TRT Balkan / агенции
Популарни