Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во финалето на Австралија опен, каде ќе се сретне со Италијанецот Јанико Синер, кој претходно денеска го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови.
Третиот тенисер во светот го совлада Германецот Александар Зверев, со 3:2. Тој славеше по голема борба и фантастичен пресврт, а тоа беше во сетови (5:7, 3:6, 7:6 (4), 7:6 (5), 6:3.
Ова може да биде голем удар за Саша Зверев, кој уште еднаш испушти предност од два сета.
На УС Опен во 2020 година поведе со 2:0 против Доминик Тим во финалето и се чинеше дека лесно ќе стигне до првата Грен слем титула, но потоа целосно се „распадна“ и му дозволи на противникот да го крене пехарот.
Сега тоа повторно му се случи, овој пат во полуфиналето, но и денеска делуваше доминантно и немаше навестување дека Медведев ќе стигне до мечот за нов Грен слем.
Во недела Медведев ќе го игра шестото Грен слем финале, трето во Мелбурн и ќе атакува на втората титула, а прва во Австралија.
Тој го освои единствениот Грен слем трофеј во 2021 година на УС Опен.
Синер за прв пат влезе во финале на Грен слем.