Меси добитник на наградата за најдобар фудбалер на ФИФА за 2022 година / Photo: AA

Аргентинскиот фудбалер и играч на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Лионел Меси, е добитник на наградата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за најдобар фудбалер на светот за 2022 година.

Во Париз синоќа се одржа церемонијата на доделување на „The Best FIFA Football Awards“, а во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски селекции, како и новинари.

Споменатата награда ја доделува ФИФА врз основа на мислењата на селекторите, капитените, новинарите и навивачите од целиот свет.

Наградата му припадна на Меси пред сè благодарение на титулата светски шампион што ја освои со Аргентина на Светското првенство во Катар 2022.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е прогласен за најдобар тренер, Емилијано Мартинез (Аргентина) за најдобар голман, а полскиот парафудбалер Марцин Олекси, човек кој нема нозе и игра со штаки, постигна гол со ножички и ја доби наградата „Пушкаш“ за најдобар погодок.

Во идеалниот тим за 2022 година беа: Тибо Куртоа, Ашраф Хакими, Жоао Кансело, Вирџил Ван Дајк, Кевин Де Бруине, Лука Модриќ, Касемиро, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Карим Бензема и Ерлинг Холанд.

За најдобара светска фудбалерка е прогласена Шпанката Алексија Путелас (Барселона).

TRT Balkan / агенции
Популарни