Месут Озил ја заврши фудбалската кариера / Photo: AA

Познатиот фудбалер и моментално играч во редовите на турскиот Медипол Башакшехир Месут Озил ја заврши фудбалската кариера. Озил веста ја соопшти на социјалните мрежи и додаде дека долго размислувал за тој чекор по успешните 17 години поминати во професионалниот фудбал.

„Неверојатно сум благодарен на оваа можност. Меѓутоа, откако претрпев некои повреди во последните недели и месеци, стана јасно дека дошло време да ја напуштам големата фудбалска сцена“, порача Озил.

Истакнувајќи дека неговата кариера била прекрасно патување со многу незаборавни моменти и емоции, 34-годишниот Озил им се заблагодари на сите свои соиграчи во Шалке 04, Вердер од Времен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенерхбахче и Медипол Башакшехир. Најголеми успеси во клупската кариера оствари со Реал Мадрид во чиј дрес одигра 159 натпревари и ја освои шпанската лига и Купот на кралот и во Арсенал во кој одигра 254 натпревари и освои четири титули на ФА купот.

Озил во дресот на репрезентацијата на Германија одигра 92 натпревари и постигна 23 голови, со која на Светското првенство во Бразил 2014 година ја освои титулата првак на светот.

TRT Balkan / агенции
Популарни