Португалскиот стратег Жозе Мурињо претставен е вчера како нов тренер на турскиот суперлигаш Фенербахче. Додаде дека не сакаат да го пореметат сегашниот состав на тимот освен ако не дојде до вонредна понуда за трансфер и дека им е целта да донесат нови играчи.
Мурињо на стадионот Улкер потпиша договор со „жолтите канаринци“, а на свечениот настан присуствуваа голем број навивачи.
По потпишувањето на договорот, претседателот на клубот Али Коч го опиша Португалецот како „жива легенда“, еден од петте најдобри менаџери на денешницата.
Мурињо им се заблагодари на сите на „љубовта“ и додаде дека од првиот момент почувствувал дека неговото име е поврзано со Фенербахче.
Тој додаде дека љубовта на навивачите кон менаџерите обично доаѓа со достигнувањата, но „ова големо признание“ на почетокот му дава и голема одговорност.
Мурињо истакна дека сака да ја унапреди турската лига и турскиот фудбал, но му е најважно да го унапреди Фенербахче.
Фенербахче најави дека 61-годишниот Португалец денес ќе ја одржи првата прес-конференција.