На победникот на СП во фудбал ќе му припаднат 52,5 милиони долари         Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Наградата за победа на Мундијалот во Катар изнесува 42 милиони долари. На оваа сума се додаваат и 1,5 милиони долари кои секоја репрезентација ги добива за подготовки, но и уште девет милиони за учество во групната фаза. Освојувачот на Светското првенство во Катар на крајот вкупно ќе добие 52,5 милиони долари.

Поразениот финалист ќе добие вкупно 40,5 милиони. Третото место носи 27 милиони, а четврто 25 милиони долари.

Екипите од 5 до 8 место, освен следувањето за подготовки и група, ќе добијат по уште 17 милиони долари.

ФИФА ќе подели вкупно 104 милиони долари на екипите од 9 до 16 место.

ФИФА планира да издвои дополнителни 209 милиони долари како компензација на клубовите за учество на фудбалерите на Мундијалот во Катар.

TRT Balkan / агенции
Популарни