На Токискиот маратон над 38.000 учесници од бројни држави / Photo: AA

На 16. издание на маратонот во Токио, што се одржа вчера учествуваа околу 38.000 спортисти од многу држави, а победници се Етиопјанецот Десо Гелмиса во машка конкуренција и Кенијката Розмари Ванџири во женска конкуренција.

Трката во јапонската престолнина во должина од 42,1 километар спаѓа меѓу шесте најпознати маратонски трки во светот, по трките во Бостон, Њујорк, Чикаго, Лондон и Берлин.

Првите три места во машка конкуренција отидоа кај спортистите од Етиопија. Десо Гелмиса беше прв со време од 2 часа 5 минути и 22 секунди. Втор беше Мухамед Еса, а третото место го освои Цегаје Гетачу Кебеде.

Розмари Ванџиру од Кенија го зеде првото место во женска конкуренција со време 2:16:28. Среброто го освои Етиопјанката Цехај Гемечу, додека бронзата нејзината сонародничка Ашете Бекере.

TRT Balkan / агенции
Популарни