Фудбалот е првата споредна работа во светот која привлекува внимание не само додека трае натреварот, туку и надвор од теренот. Трансферите, рекламите во кои учествуваат фудбалерите, но и нивните приватни животи се нешто за што фудбалската јавност секогаш се интересира.
Сепак, трансферите со кои фудбалерите преминуваат од еден во друг клуб, се следат со големо внимание од верната публика која со нетпрение очекува во својот омилен клуб да го види најдобриот фудбалер во моментот. Но, ваквите моменти се проследени со голема возбуда затоа што неретко се случува трасферите да пропаднат, иако претходно во јавноста помпезно се најавувале.
Погрешни проценки на тренерите, проблеми со лични документи и патни исправи, но и природни непогоди биле само дел од причините поради кои одредени трансфери не се случиле, а биле најавувани.
Во продолжение следува приказ на некои од најголемите фудбалски трансфери кои пропаднале во последен момент.
Ибрахимовиќ во Арсенал
Љубителите на фудбалот ја паметат приказната за најавуваниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ во Арсенал. Како што тогаш јавија бројни медиуми, овој трансфер пропадна поради карактерот на Ибрахимовиќ, бидејќи кога тогашниот тренер на „топџиите“ Арсен Венгер го прашал да дојде на проба во лондонскиот Арсенал, Швеѓанинот одговорил дека „никаде не оди на проба“.
Англискиот печат пишуваше дека Арсенал подготвува 11 милиони фунти за ангажман на Ибрахимовиќ кој тогаш играше во францускиот ФК Париз Сен Жермен.
„Дали Венгер ќе ја признае грешката кога го испушти младиот Ибрахимовиќ кој тогаш наместо да потпише за Арсенал отпатува во Ајакс?“, се прашуваа медиумите.
Во минатото, Ибрахимовиќ бил на проба во таборот на Арсенал, на свои 17 години, но според зборовите на Венгер “не покажал завидни квалитети“, па бил оставен да игра во Шведска.
Фалкао во Астон Вила
Со своите квалитетни настапи во дресот на аргентинската Ривер Плата, Колумбиецот Радамел Фалкао познат по прекарот „Ел Тигре“ беше блиску до трансфер во Астон Вила, но тогашниот тренер Мартин O'Нил не беше спремен да издвои 9 милиони евра за Колубиецот, па одлучи во екипата да го донесе искусниот Емил Хески.
Откако О’Нил одлучи да го стопира трансферот, Фалкао заврши во португалскиот Порто.
Бејл поради повреди не отиде во Бирмингем
Во сезоната 2009/10 Герет Бејл не беше толку докажан како фудбалер и беше на чекор до трансфер од Тотенхем во редовите на Бирмингем. Клубовите се договорија, но тогаш следуваа неколку повреди во дресот на „Петлите“. Велшанецот доби можност да заигра на еден натпревар и постигна два гола, што беше останато да го задржат во Тотенхем.
Неретко медиумите Бејл го опишуваа како „најголемиот баксуз“ , поради неговата лоша статистика во Тотенхем, по неколку години стана најскап играч во историјата на фудбалсот со рекорден трансфер од 100 милиони евра.
Еден од најбизарните трансфери: Левандовски во Блекбурн
Еден од најбизарните трансфери кои пропаднал. Сигурно еднаш во историја се случува вулкан да предизвика некој трансфер да пропадне, но тоа му се случи на Роберт Левандовски. Сем Олердајс сакал да го донесе во своите редови, но исландскиот вулкан Ајафјалајокул проработе и предизвика големи облаци од чад по што летовите кон Британија се откажани. Левандовски наместо на проба во Блекбурн, од полски Лех Познањ замина во германскиот Дортмунд каде постигна импресивни резултати.
Роналдињо во Сент Мирен
Кога преминал од Бразил во Европа, во редовите на Париз Сен Жермен (ПСЖ), малку недостасувало ненадминливиот жонглер Роналдињо да заврши во редовите на шкотскиот клуб Сент Мирен на позајмница. Меѓутоа, имал некакви проблеми со пасошот поради што не можел да настапува во Шкотска.
Легендарниот Марадона во Шефилд
Еден од најпопуларните и најдобрите фудбалери на сите времиња Диего Марадона кога на почетоците на својата блескава фудбалска кариера настапувал за Аргентинос Јуниорс, интерес за него покажале бројни клубови меѓу кои биле и англиските Арсенал и Шефилд. Медиумските наводи велат дека Шефилд можел во своите редови да го донесе тогаш 17-годишниот Диего Марадона за само 200.000 фунти, но клубот испаднал од лигата во тој момент и „Ел Пибе“ не преминал во редовите на Шефилд.
Ова се само неколку од трансферите што бројни медиуми ги окаректеризирале како „најголеми пропаднати“ трансфери, но веројатно оваа листа би можела да биде многу проширена.
Доколку не се случил ваков сплет на околности и фудбалерите не завршеле во клубовите во кои играле и оствариле неверојатни успеси, љубителите на „бубамарата“ би останале посиромашни за многу победи и маестрални фудбалски потези што и ден денес ја освежуваат нашата меморија преку нивно појавувување на најавите шпици на телевизиските фудбалски емисии.