Навивачите на Ал-Наср со голем интерес за дресот на Роналдо / Photo: AA

Многумина навивачи на Ал-Наср ги посетуваат фан-шоповите во главниот град Ријад за да дојдат до дресот на Роналдо.

Португалецот кон крајот на декември потпиша двегодишен договор со Ал-Наср, објави саудискиот клуб на социјалната мрежа Твитер.

Роналдо беше слободен играч по неодамнешниот спогодбен раскин на договорот со Манчестер Јунајтед.

Договорот со Ал-Наср важи до јуни 2025 година, а Роналдо годишно би требало да заработува 200 милиони евра.

Во текот на досегашната фудбалската кариера Роналдо настапуваше за Спортинг Лисабон, во два наврати за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. За репрезентацијата на Португалија, со која во 2016 година беше европски шампион, одигра 196 натпревари и постигна 116 голови. Дури петпати во текот на кариерата ја освојуваше „Златната топка“.

TRT Balkan / агенции
Популарни