Одложен пријателскиот фудбалски натпревар на БиХ и Русија

Пријателскиот натпревар на фудбалските „А“ репрезентации на Босна и Херцеговина и Русија, кој требаше да биде одигран на 19 ноември во Санкт Петербург, нема да биде одигран во тој термин.

„На денешната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ, натпреварот кој е планиран за 19 ноември е одложен. Претседателот на ФС БиХ Вицо Зељковиќ констатираше дека одигрувањето на овој пријателски натпревар се пролонгира за некој нареден термин“, се наведува во соопштението на официјалната интернет страница на ФС БиХ.

TRT Balkan / агенции
Популарни