Ѓоковиќ постојано повторуваше дека не сака да се вакцинира против коронавирусот        Фото: Ројтерс

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, објавија организаторите.

Ѓоковиќ се најде на списокот учесници на УС Опен, но организаторите најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на американските власти кои не дозволуваат влез на невакцинирани странци во земјава.

„УС Опен не воведе задолжителна вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД за влез во земјата на невакцинирани неамерикански граѓани“, најавија организаторите на УС Опен.

Ѓоковиќ постојано повторуваше дека не сака да се вакцинира против коронавирусот.

Српскиот тенисер неодамна го освои Вимблдон и стигна до својата 21. Грен слем титула.

УС Опен ќе се одржи во Њујорк од 29 август до 11 септември.

Tanjug
Популарни