Францускиот напаѓач Антоан Гризман донесе одлука да се повлече од националниот дрес и повеќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на Франција.
Гризман кој има 33 години, во националниот дрес на триколорите успеа да ја освои титулата Светски првак во 2018 година на Мундијалот кој се одигра на Лужники стадионот во Москва.
„После 10 неверојатни години, обележани со предизвици, успеси и незаборавни моменти, време е да свртам страница и да отворам пат за новата генерација“, рече 33-годишниот и додаде дека тоа е „чест и привилегија“ да го облечe дресот на Франција“.
Французинот стрелаше еднаш во финалето против Хрватска и придонесе во убедливата победа од 4:2. Со Франција настапи и во финалето во 2022 година но, овојпат загуби од репрезентацијата на Аргентина, задоволувајќи се со среброто.
На последното Европско првенство 2024 Франција не успеа да стигне до финалето, а Гризман и „златната генерација“ имаа многу послаб впечаток од претходните шампионати.
Претходно и Рафаел Варан, еден од најдобрите поединци на француската одбрана исто така реши да се повлече од фудбалот, вклучително и клупскиот поради тешка повреда.