Појасот на Мухамед Али продаден за над шест милиони долари     Фото: Ројтерс

Шампионскиот појас на боксерската легенда Мухамед Али од неговата борба за светската титула во тешка категорија против Џорџ Форман е продаден на аукција за 6,18 милиони долари.

Појасот од легендарната борба „Татнеж во Џунглата“ од 1974 година го купи американскиот бизнисмен и сопственик на НФЛ тимот Индианаполис Колт, Џим Aрсај.

Али појасот го освоил победувајќи го дотогаш непобедениот Џорџ Форман во борбата во Заир (денес Демократска Република Конго) во 1974 година. Дуелот се смета за еден од најважните во историјата на боксот.

Али, кој почина во 2016 година на 74-годишна возраст, тогаш победи со нокаут во осмата рунда и ја освои титулата светски првак. Појасот му е доделен ретроактивно кога појасите почнале да се доделуваат во 1976 година.

Еден од најскапите колекционерски спортски предмети

Продажната цена на појасот е една од најголемите за колекционерски предмет поврзан со спорт, а наддавањето траело речиси до четири часот наутро. Појасот е само дел од сувенирите на Али кој дошол во рацете на Арсај.

Претходно ги купил чевлите кои Али ги носел во филмот „Трилер во Манила“ (Thrilla in Manila) од 1975 година, а претходно оваа година, Арсај купи наметка која Али ја носел во својата прва борба откако го смени името од Касиус Клеј во Мухамед Али - реванш со Сони Листон во 1965 година.

HINA
Популарни