Легендата на светскиот фудбал Едсон Арантес до Нашименто Пеле, еден од најголемите фудбалери на сите времиња почина во 82 година од животот.
Веста за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја објави неговата ќерка Кели Нашименто на социјалната мрежа Инстаграм.
Поранешниот напаѓач, кој е единствен играч во историјата кој освоил три Светски фудбалски првенства, почина во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло по борбата со ракот.
Пеле, кој е најдобар стрелец на бразилската репрезентација на сите времиња со 77 голови во 92 натпревари, стана икона на фудбалот откако го освои првото Светско првенство како 17-годишник.
Пеле е роден во сиромашно семејство во Сао Паоло, освојуваше Светско првенство со Бразил уште во 1962 и 1970 година.
Повредата го ограничи неговиот придонес во триумфот на Бразил во 1962 година на Мундијалот во Чиле, но осум години подоцна беше најдобар играч на првенството и го подигна трофејот во Мексико благодарејќи на победата против Италија со резултат 4:1. Пеле во финалето го постигна првиот гол за Бразил.
Тој гол го прави еден од само петте играчи кои постигнале гол во две финалиња на Светското првенство и благодарејќи на своите подвизи во 1958 година останува најмладиот играч кој постигнал гол на Мундијалот.
Неговите спектакуларни резултати го направија легенда на Сантос на клупско ниво. Пеле го држи рекордот на клубот од својот роден град на сите времиња и им помогна да освојат две титули на Копа Либертадорес и шест титули во бразилската лига во период од 18 години.
Во текот на кариерата Пеле постигна 1.281 гол во 1.363 натпревари за клуб и репрезентација, а својата фудбалска кариера ја заврши во Њујорк Космос и се повлече од фудбалот во 1977 година.
По пензионирањето, беше амбасадор на фудбалот. Во 2013 година го доби „FIFA Ballon d'Or Prix d'Honneur" како признание за неговата кариера и достигнувања, а во 2020 година именуван е во „Ballon d'Or Dream Team", односно во најголемите 11 фудбалери на сите времиња.
Пеле во болница беше од 29 ноември. Имаше операција на отстранување на тумор од дебело црево во септември 2021 година, а од тогаш во повеќе наврати беше хоспитализиран.
29 дек 2022
Почина светската фудбалска легенда Пеле
Веста за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја објави неговата ќерка Кели Нашименто.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
УЕФА ѝ ја додели победата на Романија во прекинатиот меч против Косово
УЕФА го казни КФС со 6.000 евра поради недолично однесување на фудбалерите на натпреварот против Романија, а РФФ е казнета со 128.000 евра поради повеќе обвинувања, вклучително и едно за дискриминаторско и несоодветно однесување на фудбалерите
Лига на нации: Реми на Хрватска и Португалија, без голови Србија-Данска
По вечерашните натпревари познати се патниците во четвртфиналето на Лигата на нации- Шпанија, Германија, Португалија и Франција како победници во групите ја освоија позицијата на носители, додека неносители се Хрватска, Италија, Холандија и Данска
Што друго би сакале да знаете?
Популарни