Португалците ги постигнаа сите пет гола во првото полувреме / Photo: AA

Фудбалерите на Австрија обезбедија пласман на Европското првенство 2024 во Германија по победата против Азербејџан во вчерашните квалификациски натпревари во кои за одбележување е дебаклот на Босна и Херцеговина против Португалија.

Тежок пораз претрпе фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во Зеница во дуелот со Португалија во групата „Ј“ , а конечниот резултат гласеше 5:0. Босна досега загубила со пет разлика само на гостувањето во Аргентина, во пријателски натпревар во 1998 година.

По осум одиграни натпревари во квалификациите за Европското првенство, фудбалската репрезентација на Португалија, која од претходно се пласираше на ЕП има максимален учинок.

Гостите ги постигнаа сите пет гола во првото полувреме, а поведоа во 5. минута кога Кристијано Роналдо погоди од белата точка. Роналдо 15 минути подоцна го постигна вториот гол, а потоа Бруно Фернандеш, Жоао Кансело и Жоао Феликс ја затресоа мрежата на Шехиќ.

Босна и Херцеговина на две кола пред крајот има само девет бода и е на претпоследното место.

Фудбалската репрезентација на Австрија обезбеди пласман на Европското првенство во Германија 2024 година, бидејќи вечерва во квалификацискиот натпревар од групата Ф го победи Азербејџан со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Марсел Забицер од пенал во 48. минута. Австрија со 16 бодови се пласираше во колото на ЕП пред крајот на квалификациите.

Белгија, исто така има 16 освоени бодови но и одигран натпревар помалку, е втората селекција од групата Ф која претходно обезбеди учество на ЕП.

Во истата група вчера беше прекинат по првото полувреме натпреварот меѓу Белгија и Шведска во Брисел, поради убиство на двајца шведски навивачи. Шведска поведе со голот на Ѓокерес, а израмни Лукаку.

Со вечерашната победа на Австрија, Шведска која во моментов има шест бода од пет натпревари нема шанси за пласман на ЕП.

Од претходно без шанса за пласман на ЕП останаа Азербејџан и Естонија.

Важна победа забележа Холандија која вчера во Атина ја победи Грција со 1:0. Холанѓаните победија со голот на Вирџил ван Дијк од пенал во 93. минута.„Лалињата“ имаа и пенал во првото полувреме, но Вегхорст беше непрецизен.

Холандија и Грција имаат по 12 бода, но Грците имаат натпревар повеќе. Грција до крајот на квалификациите ја пречекува Франција, а Холандија дома игра со Република Ирска и на гости со Гибралтар.

А блиску до ЕП е Словачка која на гостински терен го совлада Луксембург со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Давид Дуриш.

Словачка има пет бода повеќе од Луксембург на две кола до крајот.

TRT Balkan / агенции
Популарни