Рафаел Надал стана првиот тенисер со 20 милиони следбеници на Инстаграм / Photo: Reuters

Рафаел Надал стана првата тениска ѕвезда која достигна 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Надал, кој паузираше од терените по повредата со која се здоби во второто коло на Австралија опен, достигна нов рекорд на социјалните мрежи. Иако не играше од јануари, ги зголеми своите следбеници на социјалните мрежи.

37-годишниот Шпанец има и 15,6 милиони следбеници на платформата X, претходно позната како Твитер, 14 милиони фанови на Фејсбук и продолжува да добива нови следбеници.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пак, е втор на Инстаграм од тенисерите со 13,8 милиони следбеници, а на трето место е пензионираниот тенисер Роџер Федерер со 12 милиони следбеници.

Надал е еден од тениските великани, освојувајќи рекордни 22 големи титули на сите времиња во машка поединечна конкуренција, меѓу кои рекордни 14 шампионати на Френч опен.

TRT Balkan / агенции
Популарни