Македонија претрпе пораз од Холандија од 37:37 во дуелот од второто коло од групната фаза на ракометното Светско првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
На крилјата на освоениот бод против Унгарија пред два дена, Македонија го одигра првото полувреме зрело и квалитетно и беше рамноправен противник и на исклучително брзите Холанѓани.
Сепак, во 23-тата минута беше 13:12 за Македонија, црвен картон доби Петар Атанасијевиќ, кој направи фаул при отворена контра на Холанѓаните. Тогаш дојде кризен период за нас во нападот и Холанѓаните по серијата од 5:0, се одлепија на 17:13, не помогна многу ни тајмаутот на селекторот Лазаров.
Овој период беше клучен за предноста на противникот.
Откако Холандија на полувреме замина со 18:15, по три и пол минути од второто полувреме, Холандија поведе со 20:15, и некако спласна притисокот од трибините.
На 20 минути до крајот намаливме на 23:21 и пак се разбуди Фалангата на трибините, но задоволството траеше кратко, Холандија со мини-серија од 2:0 побегна на четири гола разлика.
До крајот постојано бркавме негатива, се обидувавме да го стопиме минусот, но не успеавме. Секој обид да намалиме на еден гол разлика беше запиран од некаков седмерец или друга судиска одлука која ја налути публиката.
Холандија изведе дури 12 седмерци, Македонија само 4, и тука беше главната разлика, што ги натера навивачите гласно да скандираат „ИХФ мафија“.
Најефикасни во македонскиот тим беа Кузмановски со 9 и Серафимов со 6 голови.
Тен Велде се прослави со 11 голови, а тој беше и избедувач на седмерците за Холандија.
Средниот бек Марко Митев изјави дека данските судии не ни дозволија да направиме подобар резултат против Холандија.
„Во прво полувреме требаше подобро да им ја запреме транзицијата. Пробавме да се вртиме, но Данците не ни дозволија. Не сум видел ни на клупски ни на репрезентативен меч, некој тим да изведе 12 седмерци“, рече Митев.
Македонија ја завршува првата фаза од првенството со мечот против Гвинеја в недела од 18 часот.