Фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне (SLFA) донесе одлука да истражи два сомнителни натпревари во 1. Лига на земјата (втора лига), на кои се постигнати дури 187 голови.
Кахунла Ренџерс ја победи екипата на Лумбебу Јунајтед 95:0, додека Гулф ја совлада Кокуима Либанон со резултат 91:1
Првите полувремиња од натпреварите завршени се со резултатите 2:0 и 7:1, а екипите кои ќе постигнат повеќе голови треба да преминат во Супер лигата на Сиера Леоне, највисоко рангирано национално натпреварување. Сепак, Сојузот одлучи да спроведе истрага поради сомнеж дека се работи за наместување на натпревари.
Натпреварите кои ги добија Кахунла Ренџерс и Гулф ФК влегоа во историјата како најразлични победи во Сиера Леоне.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне Томас Деди Брима наведе дека постигнатите голови се проверени.
„Не можеме да дозволиме она што е направено да остане неказнето. Одговорните ќе мора да дојдат пред антикорупциското тело и ќе одговараат за своите постапки“, рече Брима.