Роналдо повеќе не е член на Манчестер Јунајтед / Photo: AA

Манчестер Јунајтед и португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо спогодбено се разделија, објави познатиот англиски клуб.

„Клубот сака да му се заблагодари на Роналдо за неговиот придонес за време на неговите два престоја на Олд Трафорд. На 346 натпревари постигна 145 гола. Нему и на неговото семејство му посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

„Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на соработката со тренерот Ерик тен Хаг за постигнување на најдобри можни резултати на теренот“, се додава во соопштението.

Роналдо, 37-годишниот освојувач на пет златни топки, беше член на Манчестер Јунајтед од 2003 до 2009 година и повторно од 27 август 2021 година.

Ексклузивното интервју за TalkTV овој месец - во кое Роналдо исто така рече дека нема почит кон менаџерот Ерик тен Хаг и дека се чувствувал предаден од клубот, беше последната капка која ја прелеа чашата на трпение во Јунајтед.

Кристијано Роналдо моментално се наоѓа на Светското првенство во Катар, каде утре против Гана го чека првиот натпревар со португалската репрезентација.

TRT Balkan / агенции
Популарни