Фудбалерот на Ал Наср и португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо е најплатениот спортист на светот, објави магазинот Форбс.
Роналдо во изминатите 12 месеци заработи 136 милиони долари.
Португалскиот фудбалер првпат од 2017 година е најплатениот спортист на светот.
Би-Би-Си (BBC) потсетува дека Роналдо во текот на годината премина во Ал Наср за повеќе од 200 милиони евра по сезона. Меси втор, трет Мбапе
Втор на листата на Форбс е фудбалерот на Париз Сен Жермен Лионел Меси, кој заработи 130 милиони долари во последната година. Неговиот соиграч Французот Килијан Мбапе е трет со заработени 120 милиони долари, додека четврт е кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 119,5 милиони.
На петто место е мексиканскиот боксер Канело Алварес со 110 милиони долари