Кинеската тенисерка Кивен Женг ќе биде противничка на Арина Сабаленка во финалето на Австралија Опен во женска конкуренција.
Во денешното второ полуфинале Женг која е на 15. место на ВТА листата славеше против Украинката Дајана Јастремска во два сета (6:4, 6:4).
Без разлика на поразот, Јастремска веќе направи голем подвиг бидејќи преку квалификациите во Мелбурн успеа да дојде до самата завршница, па сигурно ја очекува голем скок на ВТА листата.
Украинката успеа да стане само втората квалификантка која на првиот грен-слем турнир стигнала до полуфиналето, но и прва уште од далечната 1978 година.
Денес против расположената Женг немаше многу шанси бидејќи кинеската тенисерка имаше целосна котнрола над играта во текот на скоро целиот меч.
Претходно белоруската тенисерка Сабаленка, која во Мелбурн ја брани титулата. во полуфиналето беше подобра од Коко Гоф со 2:0 во сетови (7:6, 6:4). Мечот на „Лајвер арената“ траеше еден час и 44 минути.
Втората тенисерка на некој начин со овој триумф и се реваншираше на Гоф за поразот во финалето на УС Опен минатиот септември.