ВАР технологијата често се применува на Светското првенство во Катар     Фото: Ројтерс  / Photo: Reuters

Дали голот е регуларен, дали е пенал, офсајд, прекршок, дали топката ја минала линијата? При разрешувањето на дилемите во фудбалот во вакви ситуации најчесто се применува Видео-помошниот судија или ВАР технологијата.

Германските репрезентативци веројатно се најмногу огорчени од одлуката донесена со помош на ВАР технологијата на мечот меѓу Јапонија и Шпанија во последното коло од групната фаза на Светското првенство во Катар.

Повеќе камери од различен агол ја прикажуваат спорната ситуација                  Reuters

ВАР системот покажа дека голот на Јапонија е регуларен со што победата не е спорна, а Германија го заврши натпреварувањето. Но камерите од ВАР од неколку различни агли доловија поинакви снимки и наметнаа дебата за тоа дали топката ја минала гол линијата или не и дали постои фатална грешка или одлуката е исправна.

Во продолжение следи преглед за тоа како функционира ВАР технологијата, која е оспорувана уште од моментот кога беше воведена, но многу пати се покажала како клучна и милиметарски прецизна.

Од каде потекнува и кој ја изработил?

Видео-помошниот судија (Video Assistant Referee-), е целосниот назив за видео системот популарно наречен ВАР кој се користи во фудбалот како помош на главните судии при носењето одлука за сомнителни или нејасни ситуации. Изработката на ВАР системот се врзува за Холандија. Почетоците датираат од 2010 година. Холандскиот фудбалски судија Рајмонд ван Менен имал клучна улога во изработката на системот.

Во кои ситуации се применува?

Судиите често пати прегледуваат спорни ситуации кога се работи за можен пенал                                     Reuters

Ако помошниците во ВАР собата сметаат дека главниот судија донел неисправна одлука му сугерираат да ја прегледа видео снимката и потоа да ја потврди или смени одлуката. На пример, ако судијата не забележал дека голот е постигнат од офсајд или дека при постигнувањето на голот бил направен прекршок. Главниот судија може и да не ја прифати сугестијата. Мониторот за прегледување е поставен покрај теренот.

Главниот судија сам ја носи одлуката по прегледувањето на снимката                             Reuters

Во случај на проверка на одредена ситуација судијата со рацете покажува знак во форма на правоаголник кој асоцира на видео екран и со тоа става до знаење дека некоја ситуација ќе се проверува.

Кога судијата ќе покаже знак во форма на правоаголник се упатува кон местото за прегледување на снимката                             Reuters

Тивки проверки

ВАР судиите освен проверките кои се во центарот на вниманието на публиката поради јавната комуникација со главниот судија, прават и таканаречени тивки проверки. Ако увидат нешто спорно комуницираат со судијата. Таква тивка проверка може да иницира и главниот судија. Ако се сомнева во нешто ги консултира ВАР судиите. Ако тие утврдат нешто нерегуларно му сугерираат да ја прегледа снимката. Во меѓувреме играта продолжува.

ВАР соба

Судиите во ВАР собата имаат совршен преглед на секоја ситуација                         Reuters

Секој меч кој се суди со помош на ВАР технологијата подразбира ВАР соба опремена со најсовремена технологија која може да ги детектира спорните ситуации. Во неа треба да има минимум пет монитори и минимум двајца ВАР судии. Проверката оди преку специјален сервер, а во ВАР собата е присутно и лице задолжено за комуникација со оној кој го врши преносот од натпреварот да го овозможи повторените снимки. Бројот на камери со кои се овозможува оваа технологија варира. Користењето мобилни телефони во ВАР собата е забрането. ВАР судиите можат да бидат поранешни или актуелни фудбалски судии.

Официјално воведен во 2018 година

Играчите на теренот различно реагираат по одлукуте на судиите со помош на ВАР                  Reuters

Официјално ВАР од страна на ФИФА се применува од 2018 година. Претходно по одлука на меѓународните фудбалски федерации ВАР имаше пробна примена од 2016 година. Пред Светското првенство во Катар, ВАР беше применет и на Мундијалот во Русија во 2018 година.

TRT Balkan
Популарни