Инцидентот се случи на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид одигран на 21 мај 2023 година / Photo: AA

Првата затворска казна за расизам во шпанскиот фудбал ја добија тројца навивачи на Валенсија поради расистички навреди кон играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор. Судот ја објави својата одлука во случајот со расистички навреди упатени кон Винисиус од трибините на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид одигран на 21 мај 2023 година во првата шпанска лига (Ла Лига).

Судот ги прогласи за виновни тројцата обвинети за расна навреда на бразилски фудбалер и ги осуди на осум месеци затвор, две години забрана за влез на стадиони и плаќање на трошоците за постапката.

Оваа пресуда е запишана како прва затворска казна изречена во Шпанија за расизам, како резултат на жалба на институцијата Ла Лига.

Обвинетите, чија возраст се движи од 18 до 21 година, за време на сослушувањето им се извинија на Винисиус, Ла Лига и Реал Мадрид и изјавија дека нивните постапки биле погрешни.

„Оваа одлука е одлична вест за борбата против расизмот во Шпанија. Ја поправа штетата што ја претрпе Винисиус и испраќа јасна порака до оние кои одат на стадионот да ги навредуваат дека ќе бидат откриени, пријавени и казнети“, рече претседателот на Ла Лига. Хавиер Тебас.

AA
Популарни