Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес денеска ја дозна казната за случајот кој се водеше во Судот во Барселона против него. Алавес е осуден на четири и пол години затвор поради силување на една девојка во ноќен клуб кон крајот на 2022 година.
Алвеш ја доби речиси минималната можна затворска казна бидејќи обвинителот побара затвор од четири до 12 години. Имено, судот како олеснителна околност го прифатил тоа што Бразилецот бил пијан во моментот на делото.
Во казната му се пресметува и времето поминато во притвор, а тоа е малку повеќе од една година. Жртвата го пријави фудбалерот дека ја силувал во тоалет во ноќен клуб во Барселона. Судот му нареди на 40-годишниот Бразилец да ѝ плати 150.000 евра на жртвата.
Алавес е најтрофејниот фудбалер во историјата дури со 43 освоени трофеи во сениорскиот фудбал. Кариерата ја започна во Бахија во Бразил, а потоа замина во Европа, каде што прво заигра за Севилја, а потоа следуваше неговиот најдобар период во кариерата во која од 2008 до 2016 година играше за Барселона. Потоа замина во Јувентус, а има играно и за ПСЖ, Сао Пауло и УНАМ.
Во репрезентативниот дрес на Бразил има 126 меча и осум погодоци.