Порто со голот на Бразилецот Галено во четвртата минута од судиското надополнување го победи Арсенал / Photo: Reuters

Синоќа се одиграа последните два дуела од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, во кои Наполи ѝ беше домаќин на Барселона, а Арсенал гостуваше во Порто.

Наполи и Барселона одиграа нерешено 1:1, a мечот не ѝ пружи очекуван спектакл на публиката на стадионот Диего Армандо Марадона се до средината на второто полувреме, бидејќи домашниот тимот се бранеше избезумено, но на крајот двете страни може да бидат задоволни од резултатот.

Барселона дојде до заслужено водство во 60. минута преку Роберто Левандовски, но Наполи израмни 15 минути подоцна преку Виктор Осимхен.

По изедначувањето, домашните „добија крилја“ и само непрецизноста на Франк Ангуиса и Џовани Симеоне ја спасија Барселона.

Во вториот меч од вечерта, Порто со гол во четвртата минута од судиското надополнување го победи Арсенал пред 49.529 гледачи на стадионот Драгао со 1:0. Јунак на натпреварот беше бразилскиот напаѓач Галено, кој постигна фантастичен удар од околу 20 метри за победа и предност во пресрет на реваншот на 12 март во Лондон.

Гостите имаа повеќе од 65 отсто посед на топка, но не успеаја да упатат ниту еден удар во рамките на домашниот гол, додека Порто имаше по една голема шанса во секое полувреме, двете на Галено.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Галено упати прекрасен удар од околу 20 метри во далечниот агол за победа на португалскиот тим.

Резултати од средбите што се одиграа во вторникот:

Интер - Атлетико Мадрид 1:0

ПСВ - Борусија Дортмунд 1:1

Минатата недела, во рамките на осминафиналето се одиграа средбите:

Копенхаген - Манчестер Сити 1:2

РБ Лајпциг - Реал Мадрид 0:1

Лацио - Баерн Минхен 1:0

ПСЖ - Реал Сосиедад 2:0

Реванш-натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампиони се закажани за 5, 6, 12 и 13 март.

Финалето на овогодинешното издание на најсилното европско фудбалско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни.

TRT Balkan / агенции
Популарни