Шпанската полиција во средата изврши рација во седиштето на Шпанската фудбалска федерација истражувајќи корупција во во односите со Саудиска Арабија во последните пет години, објавија државната телевизија ТВЕ и новинската агенција ЕФЕ.
Полицијата наводно привела седум неименувани лица, а уште пет се под истрага.
Шпанската фудбалска федерација се уште не ја коментирала полициската истрага.
Истражителите се фокусирани на договорите со кои поранешниот претседател на федерацијата Луис Рубиалес се согласи Суперкупот на Шпанија да се игра во Саудиска Арабија. Во процесот на преселба на Суперкупот во Саудиска Арабија учествуваше и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике.
Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ објави дека биле извршени претреси на 11 локации, вклучително и домот на Рубиалес во Гранада.
Рубиалес минатата година се најде на насловните страници на светските медиуми откако ја бакна во уста Џенифер Хермосо, капитенот на женската репрезентација на Шпанија која го освои Светското првенство. За тоа, како и за притисок врз неа да каже дека го сакала бакнежот, тој се соочува со судење за сексуален напад и принуда.
Зо овој нов случај Рубиалес треба да биде уапсен, но медиумите велат дека не е Шпанија и оти моментално се наоѓа во Доминиканската Република.
Неколку други се уапсени како дел од истрагата, вклучувајќи го и правниот советник на Рубиалес, Томас Гонзалес Куето, според шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Локалните медиуми јавуваат дека рациите и апсењата се поврзани со нерегуларни фудбалски договори, вклучувајќи го и преселувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
Властите открија и други нередовни плаќања кои би можеле да се сметаат за корупција.
RFEF е управно тело на фудбалот во Шпанија. Меѓу неговите одговорности, организира национални куп натпревари и раководи со машките и женските репрезентации на земјата.