Ова е првпат по 1992 година европска селекција да го освои олимпискиот трон, a Шпанија беше последната што го направи тоа во 1992 година во Барселона / Photo: Reuters

Фудбалерите на Шпанија во фантастично финале по продолженија ја совладаа Франција со 5:3 и го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз.

Французите подобро го отворија мечот на „Паркот на принцовите“ и поведоа со голот на Енцо Милот во 11. минута, но Шпанците одговорија со двата гола на Фермин Лопез и во 15 минута дојдоа до пресврт на резултатот.

До крајот на полувремето Шпанците зголемија на 3:1 со голот на Алез Баен од слободен удар во 28, минута.

Домашната селекција на „триколорите“ го намали резултатот на 2:3 во 79. минута со голот на Магнес Аклиуш, а Жан-Филип Матета погоди од контроверзно досудениот пенал за израмнување на 3:3 во 93 минута од судиското надополнување.

Шпанците заиграа поофанзивно во продолженијата, а Серхио Камело погоди во 100. минута за водство. Французите потоа заиграа поофанзивно, што остави простор во одбраната што Камело ја искористи во самиот финиш на второто продолжение и го постави конечниот резултат 5:3.

Ова е втора титула за Шпанците, откако сениорската селекција стана европски првак пред повеќе од еден месец на ЕП во Германија.

Франција стигна до финалето со пет победи, од кои една во продолженијата. Шпанија во групата имаше еден пораз од Египет.

Ден претходно Мароко го освои бронзениот медал со убедливата победа од 6:0 против Египет.

Ова е првпат по 1992 година европска селекција да го освои олимпискиот трон. Шпанија беше последната што го направи тоа во 1992 година во Барселона. Французите беа златни во 1984 година во Лос Анџелес.

TRT Balkan / агенции
Популарни