Најдобрите светски ракометари ќе ја отворат 2023 на спортски план / Photo: Reuters

Фудбалскиот мундијал во Катар ја одбележа 2022 година на спортски план во светски рамки. Светското фудбалско првенство всушност беше и последниот голем спортски настан одржан лани.

Додека фудбалерите од репрезентативните обврски, преминаа на клупските обврски за настап на европските и светските првенства, во меѓувреме се подготвуваат ракометарите, одбојкарите, кошаркарите…

Еве кои големи спортски настани не очекуваат во екипните спортови кога се репрезентациите во прашање во 2023 година.

Годината започнува со машки ракомет

Светското ракометно првенство за мажи е првиот голем настан на репрезентативен план за 2023 година. Шампионатот ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Полска и Шведска. Од репрезентациите во регионот ќе настапат: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

Женски ракомет за крај на 2023

Ако мажите ја отвораат, жените ја затвораат 2023 година со ракомет. Светското првенство за жени ќе се одржи од 30 ноември до 17 декември во Данска, Норвешка и во Шведска. Во април се играат бараж натпреварите. За пласман ќе се борат и Северна Македонија против Украина, Туркије против Србија, Косово против Полска, Хрватска против Словачка, Словенија против Италија, Грција против Германија.

Светско првенство во кошарка

Од 25 август до 10 септември во Индонезија, Јапонија и Филипини ќе се одржи Светското првенство во кошарка. На него ќе учествуваат 32 екипи. Од нив, 12 веќе се квалификуваа. Шпанија ја брани светската титула откако на претходното првенство во финалето ја совлада Аргентина.

Европска одбојка во Северна Македонија и Бугарија

Европското првенство во одбојка за мажи ќе се одржи од 28 август до 16 септември. Карактеристично е дека домаќини ќе бидат четири земји. Северна Македонија, Бугарија, Израел и Италија. Освен Северна Македонија и Бугарија од Балканот ќе учествуваат и Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Грција. Туркије исто така избори учество на Европското првенство во одбојка.

Европско првенство и за одбојкарки

Ќе настапат и најдобрите женски европски одбојкарски репрезентации. Европското првенство за одбојкарки ќе се одржи во четири земји Белгија, Италија, Германија, Естонија. Од регионот ќе учествуваат Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија. Репрезентацијата на Туркије исто така ќе биде дел од Европското првенство.

Собир на најдобрите ватерполисти

Јули е месецот резервиран за ватерполо. Тогаш во Јапонија во Фукуока ќе се одржи Светскиот куп. Учесници ќе бидат и Хрватска, Србија, Црна Гора и Грција.

TRT Balkan
Популарни