Соборен рекорд во Премиер лигата: Сменети 13 тренери во една сезона / Photo: AA

Англиската фудбалска Премиер лига важи за најсилното натпреварување во Европа, а бројните љубители на фудбалот со големо внимание ја следат оваа лига и случувањата во и надвор од фудбалските терени.

Во последно време во фокусот на фудбалската јавност се честите смени на тренерите во клубовите во Премиер лигата. Со заминувањето на Брендон Роџерс од клупата на Лестер и Грејем Потер од местото на првиот тренер на Челси соборен е рекорд во Премиер лигата по бројот на промената на тренери во една сезона, кој сега изнесува 13.

Пред оваа сезона во историјата на најсилното национално натпреварување во Европа највеќе се сменети 10 тренери, а потоа во рок од недела дена сменети се уште тројца. Првин, клупата на Тотенхем ја напушти Антонио Конте, а потоа во еден ден Роџерс и Потер.

Она што е особено интересно е податокот дека довчерашниот тренер на Челси на оваа листа се наоѓа дури двапати, со оглед дека сезоната ја почна на клупата на Брајтон, а потоа премина на „Стемфорд бриџ“, каде не се задржа долго.

Покрај спомнатите тренери оваа сезона клубовите кои ги водеа ги напуштија и Томас Тухел (Челси), Скот Паркер (Борнмут), Бруно Лаге (Вулверхемптон), Стивен Џерард (Астон Вила), Ралф Хазенхити (Саутемптон), Франк Лампард (Евертон), Џеси Марш (Лидс), Нејтан Џонс (Саутемптон) и Патрик Виера (Кристал Палас).

TRT Balkan / агенции
Популарни