СП во фудбал низ историјата: Натпреварите ги гледаа 40,5 милиони гледачи / Photo: AA

Во Катар наскоро започнува Светското првенство (СП) во фудбал кое ќе привлече голем број посетители од целиот свет, на терените, но и надвор од терените.

Првпат во историјата едно СП во фудбал ќе се игра на Блискиот исток. Триесет и две репрезентации од целиот свет ќе се натпреваруваат на еден од најголемите спортски настани на светот од 20 ноември до 18 декември.

Во текот на одржување на првенството во Катар се очекува околу 1,2 милиони посетители од странство. Според официјалните податоци, вкупно 40,5 милиони луѓе присуствувале на натпреварите на 21 светско првенство во фудбал, колку што се одржани во историјата.

На светските фудбалски првенства на кои досега се одиграни 900 натпревари, просечниот број на гледачи по натпревар беше 45.036.

СП во САД

Светското првенство, кое е одржано во Соединетите Американски Држави (САД) во 1994 година, го гледаа 3,5 милиони луѓе и влезе во историјата како натпреварување кое го гледале највеќе гледачи.Во просек 68.991 лица по натпревар ги следеа 52 натпревари на ова првенство.

СП во Италија во 1934 година беше првенство кое со вкупно 363.000 публика привлече најмалку навивачи на стадионите.

СП во Франција

Светското фудбалско првенство во Франција во 1938 година, влезе во историјата како СП во фудбал кое го гледаа најмалку гледачи по натпревар, односно во просек 20.872 луѓе.

Првото СП во Уругвај е одржано во 1930 година, на кое се одиграни 18 натпревари, а го следеа вкупно 590.549 гледачи, односно 32.808 по натпревар.

На последното Светско првенство одржано во Русија во 2018 година, на стадионите имаше 3.031.768 луѓе (во просек 47.371 по натпревар).

Рекорд на култниот стадион „Маракана“

Стадионот „Маракана“ во Бразил, еден од најстарите стадиони во светот на фудбалот, зазема важно место во историјата на светските првенства.

Финалето на Мундијалот во Бразил во 1950 година го играа Бразил и Уругвај на стадионот „Маракана“, а мечот го следеа дури 173.850 гледачи со влезници, со што влезе во историјата како меч кој привлекол највеќе гледачи во историјата на светските првенства. Се тврди дека бројот на навивачи кои влегле на стадион да гледаат натпревар, надминал 200.000.

На истото Светско првенство, натпреварот Бразил-Шпанија го гледале 152.772 луѓе, а натпреварот Бразил-Југославија го гледале 142,429 гледачи. Покрај дуелот Бразил-Уругвај, овие два натпревари, исто така одиграни на стадионот „Маракана“, ќе остане запаметен како натпревари на кои имало највеќе гледачи.

TRT Balkan / агенции
Популарни