Кратките подготовки и неможноста за одигрување на подготвителните натпревари за Светското фудбалско првенство во Катар, кое ќе биде одржано од 20 ноември до 18 декември, се предизвик за сите репрезентации, а експертите предвидуваат дека на овој Мундијал ќе има големи изненадувања.
Прво зимско Светско првенство во фудбал
Фудбалскиот свет го очекува првото зимско Светско првенство со многу предизвици. Помеѓу последниот викенд, во кој ќе се играат националните првенства на 12 и 13 ноември, и натпреварите со кои ќе се отвори Мундијалот, Катар-Еквадор во недела на 20 ноември, репрезентациите ќе имаат само недела дена подготовки. За споредба тие имаат три недели време за подготовки во еден месец пред секое големо натпреварување.
„Селекторите ќе мораат да се помират со тоа и да се молат“, резимира Николас Дион, кондициски тренер кој работел за Ница, Рен и Сент-Етјен, кој верува дека физичката форма на играчите ќе биде во рацете на секој клуб.
Селекторите се обидуваат да ги стават работите во перспектива тврдејќи дека повеќето од нив е со ист проблем, како Дидие Дешамп, шефот на француската селекција.
„Фактот дека немаме можност да одиграме подготвителен натпревар пред натпреварувањето, е жално, но тоа ќе биде случај за речиси сите“, истакна Дешамп минатата недела.
„Исто е за сите, така да тоа е чесно“, рече неговиот шпански колега Луис Енрике.
Додека актуелниот светски првак Франција, која почнува на 22 ноември против Австралија, нема намера да игра пријателски натпревар, Германија, која во натпреварувањето ќе влезе на 23 ноември, планира мини-подготвителен камп во Оман (од 14 до 18 ноември), со пријателски натпревар против Оманците на 16 ноември.
Потполно поинакви подготовки
Аргентина на Лионел Меси сметаат на „генералка“ против Обединетите Арапски Емирати на 16 ноември, додека Португалија на Кристијално Роналдо очекуваат на 17 ноември меч против Нигерија.
„Подготовките за Светското првенство потполно се поинакви од претходните изданија. Имаме помалку време и малите репрезентации можат тоа да го искористат“, резимираше Оливер Бирхоф, селекторот на германската селекција.
Многу неизвесности
Другите селекции, како што е домаќинот Катар, ќе имаат повеќе од доволно време за подготовка, речиси месец и пол дена.
„Моето мислење е дека на СП ќе гледаме големи изненадувања. И тоа од екипите за кои не очекуваме дека ќе бидат во добра форма“, анализира Дион, поранешниот кондициски тренер на катарската селекција.
„Одиме со многу неизвесности во поглед на влажноста. Како ќе се прилагодат играчите? Малите екипи тоа можат да го искористат.“
Тите, селекторот на Бразил, напоменува дека ќе биде присилен да бира само играчи во одлична форма, без оглед на нивниот статус, а Дешамп не додаде ништо друго кога предупреди дека ѕвездата Пол Погба, кој се опоравува, нема да оди на СП доколку не биде потполно подготвен.
„Нашиот прв натпревар е само десет дена по доаѓањето на играчите. Значи, или сте во добра форма или не сте на листата“, рече Тите.
Постои и една единствена позитивна точка - со Светското првенство среде зима акумулираниот замор од крајот на сезоната, вообичаен за мундијалите, нема да го има.