Лучано Спалети, селекторот на Италија, беше разочаран по мечот со Шпанија. Актуелниот европски првак го доживеа првиот пораз и сега треба да се бори со Хрватска во последното коло од групната фаза за да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.
На „азурите“ им одговара и нерешено на овој меч, а тешко е да се очекува дека Албанија може да ја изненади Шпанија. Во секој случај, се освен пораз ги води Италијанците во осминафиналето на ЕП.
„Разликата ја направи свежината на Шпанците, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните постапки. Клучот на проблемот е секогаш ист, бевме под секое ниво во однос на правилните реакции. Не реагиравме на нивните постапки“, изјави Спалети.
Потоа се осврна на продолжението од мечот, кој и покрај промените не им донесе ништо добро на Италијанците.
„Во второто полувреме успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми, но сепак беа пресилни за нас, како и за Хрватска, и заслужено беа први. Треба да размислиме како ќе бидеме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика, се: ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат“, рече Спалети.