Меси го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во 2022 година     Фотo: Reuters

Нов светски шампион во фудбал, срушени спортски рекорди, но и драми како на терените, така и надвор од неа, ја одбележаа 2022 година на спортски план. Лео Меси аргентинската фудбалска суперѕвезда и освојувач на Светското првенство во фудбал, португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе освојувачот на сребрениот медал во Катар, Карим Бензема долгогодишниот француски напаѓач на Реал Мадрид, тенисерот Рафаел Надал и американската кошаркарска суперѕвезда Стеф Кари оставија најголемо влијание во текот на 2022 година.

Историска победа на Меси на Светското првенство

Меси оваа зима ја предводеше Аргентина до триумфот на Светското првенство во Катар што јужноамериканската нација го чекаше цели 36 години.

Претходно Аргентина двапати го освои Светското првенство.

Меси (35) го освои единственото нешто што недостасуваше во неговата колекција со трофеи со победата против Франција, бидејќи сега ги поседува сите највисоки титули, клупски и меѓународни турнири, вклучувајќи ги Копа Америка, Лигата на шампионите на УЕФА, Суперкупот на УЕФА и ФИФА и Светското клупско првенство.

На 18 декември, Аргентина ја победи Франција со 4-2 на пенали.

По историската победа, објавата на Меси на Инстаграм на 19 декември со наслов „СВЕТСКИ ШАМПИОНИ!!!!!!!“ доби над 73 милиони лајкови - најмногу која една објава ја има добиено досега на платформата за социјални медиуми.

Мбапе, кој ја предводеше Франција во историското финале против Аргентина, постигна осум гола на турнирот во Катар со што ја освои наградата Златна копачка.

Но, 24-годишникот дома се врати само со сребрен медал.

Мбапе, кој го освои Светското првенство во 2018 година, постигна 12 гола во историјата на турнирот и сега треба да постигне уште пет гола за да го надмине германскиот напаѓач Мирослав Клосе, кој се уште е рекордер.

Клосе, светскиот шампион од 2014 година, постигна 16 гола на четири првенства (2002, 2006, 2010 и 2014 година) и стана најдобар стрелец на сите времиња.

Роналдо, најголемиот ривал на Меси, испиша историја иако Португалија не успеа да отиде далеку на Светското првенство, со постигнат гол на пет светски првентства по ред.

Португалската ѕвезда стана и најдобар стрелец на сите времиња кога неговиот хет-трик на 12 март беше доволен за да обезбеди победа на Манчестер Јунајтед од 3-2 против Тотенхем Хотспур.

37-годишниот напаѓач има 807 гола во кариерата со што го собори рекордот на австриско-чешкиот играч Јозеф Бицан од 805 гола.

Бензема ја освои првата Златна топка

Карим Бензема, францускиот напаѓач на Реал Мадрид, ја освои наградата „Златна топка“ за 2022 година, победувајќи ги Садио Мане од Баерн Минхен и Кевин Де Брујне од Манчестер Сити, во генералниот пласман на 17 октомври.

Бензема (35) ја однесе престижната награда откако постигна 44 гола во 46 натпревари а Реал Мадрид ги освои трофеите во шпанската Ла Лига и Лигата на шампионите.

На истата церемонија на доделување, ѕвездата на Барселона, Алексија Путелас ја освои наградата за жени и стана првата жена што освоила две награди „Златна топка“ една по друга.

Исто така, на 9 ноември, полската ѕвезда Роберт Левандовски беше награден со европската златна копачка, освојувајќи ја едно по друго.

34-годишниот играч постигна 35 гола за својот поранешен клуб Баерн Минхен во сезоната 2021-2022 во германската Бундес лига со што ја освои престижната награда по втор пат. Левандовски сега игра за Барселона.

Надал пишува историја, Алкараз број 1 во светот во тенисот

Шпанецот Рафаел Надал го освои Отвореното првенство на Франција во 2022 година на 5 јуни, со што ја запечати својата рекордна 22. Грен слем титулаНадал го победи Каспер Руд од Норвешка со 6:3, 6:3, 6:0 во финалето на Отвореното првенство на Франција. Српската суперѕвезда Новак Ѓоковиќ има освоено 21 титула.

Карлос Алкараз ја освои титулата на УС Опен во 2022 година во сингл за мажи на 11 септември победувајќи го Руд со 6-4, 2-6, 7-6 (7-1) и 6-3.

Шпанската сензација ја освои својата прва Грен слем титула и светски бр. 1 ранг.

На 10 септември, титулата на УС Опен во тенис во сингл за жени ја освои првата носителка Ига Свијатек победувајќи ја петтата носителка Онз Џабур од Тунис.

21-годишната полска ѕвезда ја победи Џабур во директни сетови со 6-2, 7-6 (7-5) и ја освои својата трета Грен слем титула по победите на Отвореното првенство на Франција во 2020 и 2022 година.

Финалистката на Вимблдон, 28-годишната Џабур играше два пати во финалето на Грен слем турнирите и беше првата арапка која се појави во финале на УС Опен.

Верстапен Ф1 шампион втор пат по ред

Возачот на Ред Бул Рејсинг, Макс Верстапен, победи на трката за ГН на Јапонија на 9 октомври за да ја освои титулата во Формула 1 во 2022 година во 18. коло. Ова е неговата втора шампионска титула по ред. Верстапен ја затвори сезоната со 454 поени, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер ја заврши со 308 и Мексиканскиот возач на Ред Бул, Серхио Перез со 305.

25-годишниот Холанѓанец ги сруши рекордите за најмногу победи на трка (15) и најмногу поени (454) во една сезона во Формула 1. Сезоната од 22 кола во Формула 1 заврши на 20 ноември во Абу Даби.

Кари ги водеше Голден Стејт Вориорс до седма титула во НБА

Кошаркарската суперѕвезда Кари ги предводеше Голден Стејт Вориорс до нивната седма титула во НБА со победата од 103-90 во натпреварот број 6 од финалето во 2022 година против Бостон Селтикс на 16 јуни.

Кари, кој постигна 34 поени, имаше седум скока и седум асистенции во натпреварот, а за прв пат беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето.

Тој имаше просек од 31,2 поени по натпревар во серијата и, со 2.974 тројки во кариерата, го надмина Реј Ален и стана лидер на сите времиња во НБА во постигнатите тројки во декември 2021 година.

Кари (34) го искористи максимумот од 2022 година, бидејќи во септември, 16 години по неговата прва година, дипломираше социологија на колеџот Дејвидсон.

TRT World
Популарни