Франческо Бањаја во неделата беше крунисан за светски шампион во Мото ГП за 2023 година.
Италијанскиот возач на Дукати, кој ја освои титулата и минатата сезона, победи на трката за Големата награда на Валенсија со време од 40 минути и 58 секунди.
26-годишниот возач ја освои сезоната со 467 поени, додека Хорхе Мартин од Прима Прамак се пласираше на второто место со 428 поени, а Марко Безeки од Муни ВР46 Рејсинг ја заврши сезоната трет со 329 поени.
Главниот конкурент на Бањаја, Шпанецот чекаше грешка од Италијанецот, но тој не го издржа притисокот и на стартот направи грешка која скапо го чинеше.
Италијанецот освои 15 подиуми во сезоната за да стане возач на Дукати со најмногу подиуми во една сезона, надминувајќи го рекордот од 14 подиум на Кејси Стонер.
Бањаја стана четвртиот италијански возач со повеќе од една светска титула во првата класа по Џакомо Агостини (8), Валентино Роси (7) и Умберто Масети (2).