Новак Ѓоковиќ освои злато на Олимписките игри во Париз / Photo: AA

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион. Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го надигра Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2).

Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал.

Во финалето на Олимпискиот турнир во Париз го совлада помладиот ривал Карлос Алкараз со 2:0 (7:6, 7:6) и го освои единствениот голем трофеј кој му недостасуваше. Со тоа ги има освоено сите 14 големи турнири најмалку по еднаш (Олимпијада, Гренд слем и Мастерс 1000 турнири ) во кариерата.

Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, во неделата го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје

TRT Balkan / агенции
Популарни