Возачот на Ред Бул Рејсинг Макс Верстапен ja круниса фантастичната сезона со победа во последната трка од шампионат во Формула 1 во 2023 година, иако на неколку трки пред крајот ја одбрани титулата.
Холандскиот возач победи на последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби, со 1час, 27минути и 2 секунди за да ја обезбеди својата 19-та победа во 22 трки.
Шарл Леклер од Ферари заврши со 17,9 секунди заостанување, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет со 20,3 секунди послабо време од Холанќанецот.
Серхио Перез заврши зад својот тимски колега Верстапен, но падна на четвртото место во финишот поради казната од пет секунди за судирот со Ландо Норис од Мекларен.
Верстапен ја заврши сезоната со 575 поени, додека Перез беше втор со 285, а на третото место Луис Хамилтон од Мерцедес со 234 поени.
Ред Бул се најде на врвот на конструкторскиот поредок со 860 бодови, додека Мерцедес го обезбеди второто место со 409, а Ферари беше трет со 406 бодови.
Верстапен успеа да освои подиум на 21 трка од 22 во календарот на Ф1, но не го изадначи рекордот на Михаел Шумахер од 2003 година, кога Германецот 17 пати се искачи на една од трите први места од исто толку трки.