Ф1 ја откажа Големата награда на Кина во 2023 година поради Ковид-19 / Photo: AA

Големата награда на Кина во 2023 година нема да се одржи поради ограничувањата во земјата како последица на коронавирусот, соопшти Формула 1.

„Формула 1 може да потврди, по дијалогот со промотерот и релевантните власти, дека Големата награда на Кина во 2023 година нема да се одржи поради тековните тешкотии што ги претставува ситуацијата со Ковид-19“, се вели во соопштението на организаторите.

Настанот требаше да се одржи на 16 април, а последен пат се одржа во 2019 година во Шангај, пред пандемијата на коронавирусот.

Кина има воспоставено строги ограничувања поради политиката на претседателот Си Џинпинг „нулта Ковид“.

По неодамнешните протести против мерките за заклучување, властите сигнализираа олеснување на ограничувањата.

TRT Balkan / агенции
Популарни