Стефани Фрапар е прва жена која ќе суди на СП во фудбал за мажи / Photo: AA

Стефани Фрапар ќе стане првата жена која ќе им суди на мажи на натпревар од Светско првенство во фудбал. Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека Фрапар ќе го суди натпреварот од групата „Е“ помеѓу Германија и Костарика, кој според распоредот ќе се одигра утре.

Французинката Фрапар е една од трите судијки меѓу 36-те избрани судии за Светското првенство во Катар, со колешките од Руанда Салима Мукансанга и Јошими Јамашита од Јапонија. Уште три жени допатуваа на Светското првенство како помошни судијки.

За 38-годишната Фрапар судењето на машкиот натпревар од Светското првенство е последен успех во брзиот напредок на највисокото ниво во фудбалското судење.

Французинката исто така беше првата жена која судеше во Првата француска лига во 2019 година, истата година кога судеше и во финалето на СП во фудбал за жени.

Фрапар го судеше финалето на УЕФА Суперкупот во 2019 година, помеѓу Ливерпул и Челзи, пред да суди во Лигата на шампионите во 2020 година и потоа финалето од Купот на Франција минатата сезона.

TRT Balkan / агенции
Популарни