Студија: Денешните фудбалери почесто се повредени и подолго се опоравуваат / Photo: AA Archive

Современите фудбалери се почесто се повредуваат и им треба подолго време за да закрепнат, што е последица на поголемиот интензитет на денешниот фудбал и зголемениот број на натпревари во сезоната, велат научниците. Притоа, нивните мускули особено страдаат, покажа студијата објавена во Британскиот медицински журнал (British MedicalJournal).

Експертите ги анализираа медицинските податоци на 3.909 професионални фудбалери од 54 европски клубови и 20 земји од 2000 до 2021 година.

Во тој период забележани се 2636 повреди на таканаречената задна ложа, односно група мускули од задната страна на натколеницата. Податокот се однесува на 19 отсто од сите пријавени повреди на фудбалерите. Но нивиот процент во анализираниот период станал двократен - пораснал од 12% во првата сезона (2001) на 24% во последната (2021) година. Бројот на денови потребни за опоравување исто така се удвои, на 13 во просек.

Ризикот од повреди 10 пати поголем на натпреварите отколку на тренинг

Научниците заклучија дека тоа е последица на се подолгата сезона, односно на повеќе натпревари со висок интензитет. Затоа мускулите на фудбалерите се ставени на поголем тест. Ризикот од повреда се зголемува на натпреварите и е десет пати поголем отколку на тренинзите.

Друга последица на модерниот фудбал е фактот што ризикот од повторување на повредите е голем.

Меѓу сите повреди помеѓу 2000 и 2021 година, речиси 20 проценти биле повторувања. А меѓу нив, повеќе од две третини се должат на последиците од предвременото враќање на теренот.

Во последните две децении, секој петти играч во клуб, пропуштил тренинг или натпревар поради повреда на задната ложа. А типична екипа, составена од 25 играчи, може да очекува осум такви повреди по сезона, велат научниците.

TRT Balkan / агенции
Популарни