Три години од смртта на НБА ѕвездата Коби Брајант / Photo: Reuters

Поминаа три години од смрта на Коби Брајант, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА лигата.

Спортскиот свет не ја заборави хеликоптерската несреќа во која загинаа кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица. Хеликоптерот Сикорски С-76Б се сруши на 26 јануари 2020 година, недалеку од Калабасас, Калифорнија, 48 километри од Лос Анџелес.

Брајант ја помина целата своја 20-годишна НБА кариера во Лејкерс, вклучувајќи 17 сезони во Стејплс Центарот. Два дреса на Брајант со броевите 8 и 24 се изложени под сводот на Стејплс Центарот.

Брајант освои пет НБА прстени со ЛА Лејкерс, а двапати беше прогласен за МВП на финалната серија. Покрај тоа, тој настапи на НБА Ол-стар натпреварите 18 пати. Со репрезентацијата на САД освои две олимписки злата.

Сликите на Брајант или броевите 8 и 24 кои се поврзуваат со него, се насликани на кошаркарските терени и улични ѕидови ширум светот.

Истрагата за несреќата утврди дека се случила поради грешка на пилотот и поради густата магла.

Брајант беше во бракот со Ванеса Лејн со која имаа четири ќерки - Бјанка, Џана, Наталија и Капри.

Роден во Филаделфија, пораснал во Италија

Коби Брајант, со своите шест шампионски титули, постојално го споредуваа со легендарниот Мајкл Џордан поради позицијата, стилот на игра, погодоците со скок наназад, и што е најважно амбицијата за победа. Роден е на 23 август 1978 година во Филаделфија.

Коби, кој со кошарката се запозна на возраст од три години, се пресели во Италија со семејството кога имаше само шест години.

Неговиот татко, Џо Брајант играше кошарка во НБА и во Европа. На синот му го даде името по омилениот познат бифтек од јапонскиот град Кобе..

Откако се преселиле во Италија, Коби научил италијански и шпански. Во САД се вратил во 1991 година кога неговиот татко ја напушти кошарката.

Вниманието го привлече со својот настап во средното училиште во Филаделфија. Шарлот Хорнетс го избраа во првиот круг како 13. пик на НБА драфт во 1996 година и влезе во НБА директно од средното училиште и така стана најмлад играч со 18 години. Хорнетси го трансферираа во Лејкерси, а останатото е историја.

Од разгален дебитант до освојувач на титули

Брајант го носеше дресот на Лејкерси на 18 години, што го прави „најмладиот кошаркар кој играл во НБА“ додека неговиот рекорд не го соборија Џермејн О'Нил и Ендрју Бајнам.

Брајант ги предводеше Лејкерси до три последователни шампионски титули во НБА (2000, 2001 и 2002 година) со тогашниот соиграч Шекил О'Нил.

Откако во сезоната 2003/04 О'Нил го напушти тимот, Брајант стана суперѕвезда на Лејкерси. Го следеа остри изјави и самоуверен став.

Како судбината на Лејкерси, така и судбината на Брајант се сменија во летото 1999 година, кога Фил Џексон, кој освои шест шампионати со Мајкл Џордан во Чикаго Булс, беше поставен за главен тренер, претворајќи го во еден од елитните бекови во лигата.

Брајант имаше просек од 22,5, 28,5, 25,2 поени во лигашкиот дел од сезоната во текот на првенството и 21,1, 29,4 и 26,6 поени во плејофот.

Брајант, кој беше вознемирен од фактот што неговото име се споменуваше зад О'Нил, во сезоната 2002/03. почна со поинаков мотив. Потоа постигна 40 поени или повеќе во девет натпревари по ред, а сезоната ја заврши со просек од 30 поени, 6,9 скока, 5,9 асистенции и 2,2 украдени топки по натпревар.

Со додавање на Карл Мелоун и Гери Пејтон во тимот во летото 2003 година, кога името на Брајант беше вклучено во обвинувањата за силување, Лејкерси стигнаа до финалето на НБА во 2004 година.

Влезе во историјата со бројот 81

Поради појавувањата пред судот, тој пропушти некои натпревари од регуларната сезона. Сепак, Лејкерси стигнаа до финалето на НБА со стартната петорка во која беа идните членови на Куќата на славните, О'Нил, Мелоун, Пејтон и Брајант.

Во финалето беа поразени од Детроит Пистонс во пет натпревари. Во серијата со Пистонс, Коби имаше просек од 22,6 поени и 4,4 асистенции, додека од игра шутираше 35,1 отсто.

Фил Џексон го напушти клубот на крајот на сезоната (му истече договорот), а тимот го презеде Руди Томјанович. Шекил О'Нил беше разменет во Мајами Хит за Ламар Одом, Карон Батлер и Брајан Грант и првиот избор на драфтот.

Следниот ден, Брајант одби да потпише за Лос Анџелес Клиперс и потпиша нов седумгодишен договор со Лејкерси.

Сезоната 2005/06 беше една од поважните во кариерата за Брајант. Фил Џексон се врати на клупата на Лејкерси и ги разреши сите недоразбирања со него. Брајант одигра одлична сезона, беше прв стрелец во лигата со 34,5 поени во просек, а Лејкерси се вратија во плеј-офот.

Екипата имаше резултат од 45:37, што е 11 победи повеќе во однос на претходната сезона. И покрај тоа што Брајат во доигрувањето просечно постигнуваше 27,8 поени, Лејкерси на крајот во седмиот натпревар потфрлија во дуелото со Санс и го завршија натпреварувањето во плеј-офот.

По завршување на сезоната 2005/06 година, операцијата на коленото го спречи Брајант да учествува на Светското првенство во Јапонија.

На 20 декември 2005 година, Брајант постигна 62 поени против Далас Маверикс за само три четвртини, а на почетокот на последната четвртина имаше повеќе поени на своето „конто“ од целиот тим на Далас.

Во јануари во 2006 година, одигран е напревар помеѓу Хит на О'Нил и Лејкерси на Брајант.

Као знак на помирување, пред почетокот на натпреварот Шек и Коби се ракуваа и се прегрнаа за време на средбата на капитените на екипите со судиите на средина на теренот, а потоа пред почетокот на средбата уште еднаш се прегрнаа.

Во натпреварот против Торонто Рапторс, на 22 јануари 2006 година Коби постигна 81 поен, што е втор најдобар учинок на еден играч во историјата на НБА.

Пред него е Вилт Чембрлен, кој во 1962 година постигна неверојатни 100 поени на еден натпревар.

Назад во шампионски години

Лејкерси повторно влегоа во шампионското расположение на тимот во сезоната 2007/08. кога шпанскиот центар Пау Гасол се приклучи на тимот во средината на годината.

Во декември 2007 година, на натпреварот против Њујорк Никс, Брајант стана најмладиот играч кој постигнал повеќе од 20.000 поени на возраст од 29 години и 122 дена.

И покрај напукнатиот лигамент на малиот прст, повредата која му се случи во февруари, играше во секој од 82 натпревари од регуларниот дел. Имаше просек од околу 28 поени, пет асистенции и шест скокови по натпревар, а ги предводеше Лејкерси до резултат 57:25 во регуларниот дел од сезоната и првото место на Западот.

Во својата 12. НБА сезона Брајант првпат ја освои титулата на најкорисен играч на лигата - МВП .Кога дозна дека ќе ја добие наградата, рече дека тоа не е награда само за едно лице.

Борбата да го победи својот идол

Брајат, кој сакаше да го победи својот идол Џордан со кого постојано го споредуваа, не можеше да види подалеку од полуфиналето на Западната конференција во наредните две години.

Маверикс во сезоната 2010/11 и следната година Оклахома Сити Тандер со Кевин Дјурант и Расел Вестбрук не дозволија да се оствари сонот на Коби.

Брајат ја заврши сезоната поради пукнатина на левата Ахилова тетива во мечот со Голден Стејт Вариорс. Беше отсутен осум месеци.

Брајант, кој се врати во форма во 2013/14 година сепак мораше да ја заврши сезоната на 18 декември 2013 година поради повреда на левото колено по шест одиграни натпревари.

Тој исто така се опорави во натпреварот против Минесота Тимбервулфс на 14 декември 2014 година. Коби го мина Мајкл Џордан со 32.292 поени во кариерата и стана „третиот водечки стрелец во историјата на НБА“ по Карим Абдул-Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928).

Потоа, Брајант не можеше да игра до крајот на сезоната поради уште една повреда.

Збогум со 60 поени

Во последното коло од НБА пред плеј-офот во април 2016 година, Брајант се прости од кошарката со победата на Лејкерси во која постигна неверојатни 60 поени.

Кога постигна 60 поени, четири скока и четири асистенции на последниот натпревар во кариерата, кој го играше пред публиката во Стејплс Центарот, кошаркарот упати 50 шута за 42 минути на теренот, што беше најмногу во неговата кариера.

Денот на Коби Брајант, 24 август

Брајант, кој одигра 1.566 натпревари во НБА, од кои 220 беа во плеј-офот, а неговите дресови со броевите 8 и 24, кои ги носеше во текот на кариерата, се закачени во Стејплс центарот, салата на Лејкерси, стана првиот играч во НБА кој имаше два дреса и беше пензиониран од истиот тим.

Лос Анџелес не го заборави Брајант кој во Лејкерс ја заврши својата 20-годишна НБА кариера. Во летото 2016 година, градот одлучи 24 август да биде „Денот на Коби Брајант“.

Глумеше во ТХЈ реклама, освои Оскар

Внимателно следен меѓу љубителите на кошарката во Туркије, Брајант глумеше во рекламите снимени во 2012 и 2013 година за Турк Хава Јолари (ТХЈ), заедно со фудбалерот Лео Меси. Еден од најдобрите кошаркари во светот на сите времиња, во 2018 година освои Оскар за најдобар краток анимиран филм.

„Драга кошарко“ е петминутен анимиран филм од 2017 година кој го продуцираше Брајант и во кој имаше улога на раскажувач. Брајант филмот го направи врз основа на истоимена песна која ја напиша во 2015 година.

За постхумно да му оддадат почит на Коби Брајант, Наградата за најкорисен играч (МВП) Ол-Стар натпреварот од 2020 година го носи името на трагично починатиот кошаркар.

TRT Balkan / агенции
Популарни