Три натпревари носи вториот ден од Светското фудбалско првенство во Катар. Во групата „А” во која вчера се одигра дуелот меѓу Катар и Еквадор денеска силите ќе ги одмерат Холандија и Сенегал. Натпреварот започнува во 17 часот и ќе се игра на стадионот „Ал Тумама”.
Во групата „Б” ќе се одиграат два дуели. Англија од 14 часот на стадионот „Калифа” ќе се сретне со Иран. Во 20 часот Соединетите Американски Држави играат против Велс. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Ахмад Бин Али”. Светското првенство во фудбал започна вчера. Во првиот натпревар Еквадор го совлада домаќинот Катар со 2:0.
TRT Balkan / агенции